Простор за жени кои сакаат посилно тело и помирен ум. Реформер, tower, barre и infra sculpt mat пилатес во Струмица – со стручно водство и внимание на секое движење.
Вежбаш на реформер со подвижна платформа и на tower рамка со вертикален отпор. Пружините и даваат отпор и те поддржуваат, па секое движење е контролирано. Ги зајакнува центарот, грбот, нозете и рацете, без да ги оптоварува зглобовите.
02
Barre пилатес
Пилатес и балетски движења покрај шипка, со топка и лесни тегови. Мали, прецизни движења со многу повторувања градат тонус, исправено држење и рамнотежа. Не ти треба искуство со танц.
03
Infra Sculpt Mat пилатес
Пилатес на подлога која се загрева со инфрацрвена топлина. Топлината им помага на мускулите да се опуштат и телото да се движи послободно, додека вежбите го обликуваат и зајакнуваат.
04
Инфрацрвена рехабилитација
Мирна сесија на инфрацрвена подлога. Лежиш и се опушташ додека топлината ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Добар избор за закрепнување по вежбање.
Силно тело. Мирен ум.
Секој час е прилагоден на твоето ниво – без разлика дали почнуваш, тренираш спорт или сакаш нежно, безбедно движење.
Посилни мускули преку контролирано движење
Обликувано тело, подобар тонус и стабилност
Исправено држење и јак центар на телото
Рамнотежа и мир – подвижност и помалку стрес преку дишење
Сертифициран пилатес инструктор
Ирина Манасиевска
Пилатес студио за сите припаднички на женскиот пол над 12 години – за почетнички, спортистки и постари жени. Индивидуален пристап, правилна техника и атмосфера во која се чувствуваш добредојдена.